ФК „Борец“ на градски во Велес го победи ФК „Скопје“

Објавено на 1 мај, 2022 во 21:16

Со резултат 1: 0 играчите на „отпишаниот“ Борец на домашен терен го победија тимот на Скопје откако одиграа добар натпревар. Скопјани играа доста цврсто и агрсивно но домашните покажаа подобра технички поткована игра.

Првото полувреме на 30 коло на првата фудбалска лига не донесе многу шанси. Очигледно беше дека гостите сметаа на освојување на трите бода со кои ќе имаа шанси да обезбедат директен опстанок а не истиот да го бараат преку бараж.

Иако Борец настапи без неколку стандардни играчи, се играше брзо, нападите одеа течно и комплетниот пристап беше инзвореден. Играта беше одлично поставена, што е заслуга на тренерот Левков, додека трчањето и покривањето на теренот може да се констатира дека беа најдобри годинава. Средниот ред и страничните играчи ја прикажаа најдобрата игра сезонава.

Единствениот гол на градски стадион „Зоран Паунов“ беше постигнат во 70 минута. Јанкулов испрати прецизна топка во празно. Љума беше побрз од штоперите на Скопје и со прецизен удар биеше неодбранливо.

До крајот на средбата не дојде до промена на резултатот. Покрај стрелецот Љума, со подобра игра од останатите играчи се издвоија Ибрахимовиќ, Трифунов и Јанкулов.

Следното коло Борец во Скопје му гостува на Работнички.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.