(фото) Четворица велешани ја претставуваат Македонија на Европско првенство во кајак рафтинг на дива вода
Стојче Златаров, Ангел Јовановиќ, Благој Гугинов и Кристијан Лазаров се четворицата велешани кои ја сочинуваат репрезентацијата на Македонија на Европско првенство во кајак рафтинг на дива вода за 2024 година. Овие млади момци кои се членови на Кајак Кану Клуб Арка – Борец Велес се наоѓаат во Конјиц, Босна и Херцеговина кадешто се натпреваруваат со учесници од 12 други држави.
-Во Конјиц пристигнавме доцна во неделата а веќе од понеделникот, 10 јуни, започна европското првенство во кајак рафтинг на диви води. Изминатиот период редовно вежбавме и овој состав за прв пат се натпреварува на европско. Посебно сме горди што го претставуваме Велес но и Македонија на ваков настан, рече Стојче Златаров од ККК Арка – Борец.
Златаров објаснува дека на почеток на денот прво имаат тренинзи а потоа и трки во коишто се натпреваруваат, една денска и една ноќна трка.
Европското првенство во кајак рафтинг во Конјиц, Босна и Херцеговина ќе трае до 15 јуни, годинава.
Стефани Манева