(фото) Драган Ванов шампион во Е1 класа на Ендуро трката која се одржа на патеката на велешко езеро „Младост“
Драган Ванов од МК „Мото Велес“ го освои првото место и златниот пехар во Е1 класа на првата ендуро трка од државниот шампионат во Ендуро за 2024 година која традиционално по 14-ти пат годинава се одржа на патеката на велешко езеро „Младост“. Второто место го зазема Мартин Караколев од Ендуро тим Водно од Скопје додека третото место велешанецот Драган Зафировски од Мото Велес.
Претседателот на „МотоВелес“, Сашко Ванов рече дека учесниците се вистински херои бидејќи возеа по екстремно тешки патеки, се справија со предизвиците и издржаа до крај на трката на екстремно високите температури.
-И оваа година, 14-та по ред имавме одлична организација и среќни ликови на возачите и публиката што ни е најбитно. Учесниците возеа по ектремно тешки терени и тестови кои иако во намален број поради високите температури, некои од повреди и механички дефекти но некои и по наредба а мотивирани од немоќ за успех, тоа е нивно право но може да им биде криво и сигурно им е бидејќи пропуштија одлична патека, трка и забава. Морам да напоменам дека имавме гостин од Италија, Стефани Ди Персио кој е презадоволен од трката како и приемот и кој водеше тешка борба со нашиот шампион Драган Ванов кој поради мал пад изгуби драгоцени секунди на последниот трет тест. Стефано возеше како гостин од Италија и не се бодуваше за шампионат. Респект за возачите и за публиката, додаде Ванов.
Во Е-2 класата прв беше Али Керим од МК Хиенад Ендуро од Тетово, а втор во истата класа е неговиот клупски колега Егзон Металиу. Во Е-3 класата првото место го зазема Самет Имери од МК Мото Велес, второто место Рами Салихи од МК Хиенад Ендуро, а третото место Виктор Ефремов од МК Мото Велес. Победник во Е-Ј јуниор класата беше Давид Крстевски од МК Мото Велес.
Инаку учесниците возеа два круга по 40 километри по нерамен земјен терен со многу вештачки направени препреки. Втората ендуро трка од Државниот македонски шампионат за 2024 се планира да се одржи во септември во Куманово, а третата трка во октомври во Тетово.
Стефани Манева
фото: