(фото и видео) Со огномет и музика свечено отворен Светскиот куп во кајак спуст кој се одржува во Велес
Светскиот Куп во Кајак спуст свечено беше отворен вчеравечер во Амфитеатарот на Младински парк во Велес. За време на настанот, младите велешани имаа можност да влезат во кајак или чамец додека нивните родители и повозрасните велешани уживаа во подготвената програма со музика и игра. Настанот започна околу 19:30 часот со концерт на девојките од групата „D Chicks“, потоа настапија играорките од Ансамбл Керамичар со две кореографии, додека најмладите велешани од детската градинка „Димче Мирчев“ настапија со три кореографии.
Со громогласен аплауз публиката ги поздави и учесниците од Албанија, Австралија, Белгија, Босна и Херцеговина, Велика Британија, Хрватска, Германија, Италија, Естонија, Чешка, Србија, Франција, Словачка, Косово, Швајцарија, Словенија и домаќините од Македонија. Потоа свечено беше отворен светскиот куп во кајак спуст со огномет.
Патеката на светскиот куп е од Мало Мовче па се до стар Мост, денеска, се натпреваруваат во дисциплина спринт додека утре, недела, со почеток во 09:00 часот во дисциплина класик на диви води.
Стефани Манева
фото галерија: