Лидерот во првенството ФК„Шкупи“ пресилен за велешки „Борец“

Во последното, есенско коло, од натпреварите на Првата фудбалска лига, на градскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес, фудбалерите на „Борец“ беа домаќини на екипата на „Шкупи“ од Скопје. Велешани настапија хендикепирани поради одсуството на речиси половина тим поради болест. Екипата од Скопје покажа зошто е водечка во првенството, но и играчите на „Борец“ покажаа голема борбеност. Велешани создадоа повеќе шанси во кои затаија стрелците.
За конечниот резултат „Борец“ – „Шкупи“ 0 : 3 заслужни се гостинските фудбалери Адетуњи кој постигна два гола, во 20 и 70 минута на натпреварот, како и Ѓоргиевски во 86 минута.

По 18 одиграни кола „Борец“ ќе презими на 11, предпоследно место, со 12 освоени бодови. Тоа значи дека е на праг од преселба во понизок ранг на натпревари.
Сепак, надежите се дека напролет, во рамки на продолжението на првенството, велешани ќе смогнат сили и ќе успеат да го надоместат пропуштеното па опстанокот во Првата фудбалска лига ќе биде обезбеден.
Лазар Лазаровски
