Македонскиот репрезентативен дрес ќе го облечат шест играчи на ГОК „Борец“

Објавено на 1 јули, 2021 во 18:14

Шест одбојкари на ГОК „Борец“ се земени во младинската  репрезентација на Македонија до 20 години. Репрезентативците ќе се подготвуваат во Штип од 4 до 19 Јули.

Потоа македонската младинска репрезентација во одбојка  заминува на „Балканијада“  која ке одржи во Косово.

На списокот на селекторот се најдоа : Ангел Жабев, Филип Јованов, Оливер Куновски, Антонио Николов, Христијан Андоновски и Бојан Џамбазов.

Повикот на големиот број играчи ГОК „Борец“  во државниот тим е само уште една потврда за потенцијалот и добрата  работа на одбојкарскиот тим што го има Велес.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.