„Мото Велес“ шампион на Македонија во ЕНДУРО за 2022 година

Објавено на 12 јануари, 2023 во 12:49

Во клубска конкуреција четворица возачи на „Мото Велес“ се здобија со награди во ЕНДУРО за 2022 година. Поточно, Давид Ристов од Виница е шампион во Е2 (450), Давид Крстевски од Скопје е вицешампион во Е junior, Дарко Дејановски од Скопје освои трето место E2, додека Матеј Величковски од Скопје исто така освои трето место во Е junior. Како што соопштија од мото клубот за оваа титула заслужни се бодовите и на Самер Имери и Лео Ахал.

Сашко Ванов претседател на мото клубот „Мото Велес“ соопшти дека во своите редови секогаш ги има најдобрите возачи од Македонија.

-Нашиот шампион Драган Ванов од оправдани причини ја пропушти оваа сезона и не настапуваше. Овој успех добива на тежина ако се има предвид дека „Мото Велес“ е клуб без спонзори. Нашите возачи сами се финансираат од домашен буџет, додаде Ванов.

Од клубот „Мото Велес“ упатуваат благодарност до општествено одговорните луѓе коишто се малкумина но имаат смисла за овој спорт и ги поддржуваат.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.