На стартот на пролетнот дел: ФK „Борец“ одигра нерешено во гости со ФК „Скопје“

Објавено на 13 февруари, 2022 во 18:01

Во првиот натпревар од пролетниот дел на првенството на првата фудбалска лига на Македонија, во Скопје истоимениот домашен тим и „Борец“ одиграа нерешено 1:1.

Борец поведе во 9 минута  со голот на Ѓоргиев од пенал. Домашните израмнија во 15 минута преку Кировски. Велешките фудбалери беа рамноправни и имаа неколку стопроцентни шанси а највеќе ќе жалат за оние во судиското продолжение во 94 минута кога Трифунов и Ефтимов не успеаа да го совладаат домашниот голман.

 Благој Левков, тренерот на Борец за Дума. мк изјави:

„ Одгравме тврд натпревар со многу трчање и максимално ангажирано. Имавме шанси но не погодувавме. Не настапија повеке играчи порди повреди но оние кои ги заменија дадоа се од себе. Ова е голем бод кој дава верба во сопствените можности.”

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.