На „Велес трча 2023“ први на целта стигнаа  Јакимовски, Димитриевски, Михајловска  и Стојановска

Објавено на 13 ноември, 2023 во 08:58

На маратонската трка на 10 км којашто вчера се одржа во Велес Игор Јакомовски  од „Коррунерс“ од  Скопје прв стигна на целта. Тој оствари време 37:17 минути. На пет километри прв беше Роберто Димитриевски атлетичар од Велес со време 18: 03 минути додека од жените прва на 10 километри стигна Фросина Михајловска со време 45:00 минути и на 5 километри Марија Стојановска од АК „Делта“ од Скопје со време 21:28 минути.

На „Велес трча 2023“  кај маратонците мажи втор беше  Христифор Пејовски од АК „Вардар“ од Скопје,а третото место го освои Лаки Толовски од „Меридиан“. Кај жените втора на целта стигна Јасминка Каркински од „Атомик“,а трета Анита Китанова од АК „Борец“.

На велешкиот маратон на 5 километри, мажи, втор беше Ибраим Мамудов и трет Ријад Шаипи од АРМ.Кај жените втора беше Ана Атанасова од АК „Борец“ од Велес и трета Дарија Крстевска .

Инаку екипно прво место на 5 километри  освои екипата на „Брако“. втора на АК „Борец“ и трета екипата на „Олимп“.

На „Велес трча 2023“  се одржаа и детски атлетски трки на 100,200,300 и 400 метри.

„Велес трча 2023“  е традиционална атлетска трка организирана по повод 9 Ноември, денот на ослободување на Велес и на градот.  Организатор е ЗГ АК „Борец“ од Велес финансиски поддржан од Општина Велес и од спонзори. Трките се одржаа на атлетската патека на Градски фудбалски стадион „Зоран Паунов“ и во централен Градски парк.

Годинава, во трките на 5 и 10 километри имаше над 400 учесници како и над 300 деца во детските трки.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.