Велосипедисти и планинари на последна тура за годинава,традиционална и јубилејна
Во последното претпладне на годината, велосипедистите на ЗГ „Велес бајкинг“ и планинарите на планинарското друштво „Гемиџии“, се собраа за да ја реализираат последната велосипедско планинарска тура. Стартот беше на плоштад С`рмаале и целта врв на ридот Свети Илија. Станува збор за традиционална и јубилејна велосипедско планинарска тура појасни претседателот на ЗГ„Велес бајкинг“, Зоран Јаневски.
-Десетта година по ред на последниот ден од годината возиме велосипеди и се искачуваме на врвот на ридот „Свети Илија“. Таму поминуваме дел од последниот ден во старата година. Се дружиме и разговараме. Гледката на нашиот Велес е составен дел на нашата дружба. Така ќе биде и денеска кога на симболичен начин ќе одбележиме една деценија од воспоставување на оваа наша заедничка активност, додаде Јаневски.
Двете граѓански здруженија беа категорични дека традицијата ќе ја продолжат и ќе слават уште голем број на заеднички јубилеји. Исто така ветија и панорамски фотографии од последниот ден во 2023 година на Велес од Свети Илија.
Убавка Јаневска