Победа на одбојкарите на ГОК „Борец“ на стартот на првенството

Одбојкарите на “Гок Борец” со резултат 3:1 ја совладаа екипата на „Весна” од Пробиштип, по сетови 25:21, 24:26, 25:15 и 25:15. Натпреварот се одигра во рамки на првото коло на Првата одбојкарска лига на Македонија.
Во првите два сета видовме израмнета битка а потоа одбојкарите на „Борец“ го засилија темпото и без големи потешкотии стигнаа до бодовите.

Задоволна од победата беше председателката на „Борец“ Весна Николова.

-Одигравме добро, победата е заслужена. Сите играчи заслужуваат честитки за покажаното. Не би издвоила некого. Можам да кажам дека победата на стартот на првенството многу ни значи. Имавме добри подготовки,неколку нови играчи а би сакала да го издвојам Станислав Азаров од Украина кој е сега во тимот ви кој досега нема загубена топка или поен. Тој дава нов дух во тимот затоа што поседува инзворедни играчки и човечки способности, вистински лидер во тимот, додаде Николова.
Претседателката на ГОК „Борец“ очекува интересно првенство и е особено радосна што во спортската сала се вратија навивачите.
Лазар Лазаровски
