Пораз на КМФ „Кеги Моби“ на гостувањето во Штип
Кмф „Астибо“ -Кмф „Кеги моби“ 5:3
Велешани го започнаа натпреварот доста опуштено и за неколку минути домашните имаа предност од 3:0.Овој момент се покажа како решавачки за натпреварот бидејки предноста беше голема и тешко достиглива.
Панче Нанев, тренерот на „Кеги Моби“ за Дума.мк изјави:
-Лошо го започнавме натпреварот. Стигнавме нешто подоцна и ни фалеше време за загревање. Не е за оправдување но и како опуштено да започнавме. Потоа работите не одеа во посакуваната насока. Ја имавме играта не реализиравме поголем број на прилики, погодивме шест седум стативи и тогаш поразот е неминовен. “
Со овој пораз на „Кеги Моби“ на врвот на табелата се компликуваат работите. До крајот на првенството ќе биде доста неизвесно. И покрај поразот „Кеги Моби“ останува на првото место на табелата. За ден, два, очекуваме да се знае терминот за одигрувањето на натпреварот од четвртфиналето на купот на Македонија во кој во Велес гостува екипата на „Скупи“ од Скопје која викендов ја завери титулата државен првак.
Лазар Лазаровски