Соседско фудбалско дерби во недела на градски во Велес
Објавено: 13 август, 2021, во 14:54 часот
Во недела на градскиот стадион “Зоран Паунов” во Велес во рамките од второто коло на првата фудбалска лига, „Борец “ ја пречекува екипата на „Тиквеш“ од Кавадарци.
Императив на обата состава е добар резултат.
За домашните прифатлив резултат е само победа додека гостите и со нерешен исход би биле задоволни.
Натпреварот започнува во 17 часот а љубителите на фудбалот ке имаат можност да присуствуваат на соседско дерби на два големи спортски пријатели но и лути ривали.

Натпреварот започнува во 17 часот а љубителите на фудбалот ке имаат можност да присуствуваат на соседско дерби на два големи спортски пријатели но и лути ривали.
Во првото коло Борец загуби на гости кај „Работнички“ со 1:0 додека „Тиквеш“ ремизираше како домаќин со „Шкендија“ играјки без голови.
Лазар Лазаровски



