Успешен настап на велосипедистите на МВК „Велес“ како репрезентативци

Објавено на 19 јули, 2021 во 13:14
Велосипедска трка „Низ Косово“

Изминатиов викенд се одржа велосипедската трка  „Низ Косово” високо рангирана  УЦИ 2:2 трка во категориите „У-23“ и „Елит“. Велешките велосипедисти како членови на репрезентацијата имаа одличен настап.

Во У-23, во генерален пласман, Виктор Ванчевски е шестти, додека Кристијан Ванчевски се  пласираше на 22 место.  Во севкупниот генерален пласман на категориите „ У 23“ и „Елит“, Виктор Ванчевски е на 15 место,  Никола Лефков  на 42  место додека Кристијан Ванчевски го жртвувсше својот резултат, односно одработуваше за колегите од репрезентацијата  и се пласираше на  70  место.

Македонската велосипедска репрезентација на трката „Низ Косово“

Победник на трката е французинот Христијан Делахруг . Трката се возеше во три етапи од по 150 километри со учество на над 1оо возачи од репрезентациите на Албанија, Грција, Косово, Македонија  и континталните екипи на Франција, Италија, Холандија, Австрија, Бугарија и  Германија.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.