Велес за прв пат домаќин на завршен турнир во кошарка, КК Борец организатор на FINAL 4
Четири најдобри екипи од лигата за кошаркари до 12 години ќе земат учество на FINAL 4 завршниот турнир во кошарка кој викендов за прв пат ќе се одржи во Велес во спортската сала „Гемиџии“. Од кошаркарскиот клуб Борец Баскет со голема радост ги покануваат сите љубители и поддржувачи на кошарката и спортот да го проследат турнирот.
-Ве каниме заедно да дадеме поддршка и да ја наполниме во што поголем број салата Гемиџии со што ќе покажеме дека сакаме спорт. Навивајте за нашите најмлади ѕвезди кои ќе играат против МЗТ Скопје, Партизан Водно Санс и Феникс за шанса да освојат медал, втора година по ред! Исто така, сакаме да упатиме и посебна благодарност до општина Велес и нашите спонзори без кои овој настан немаше да можеме да го организираме. Велешани се гледаме на кошарка, додаваат од КК Борец Баскет.
Турнирот на 11 мај, во сабота, со почеток во 16:00 часот го отвараат токму домаќините Борец Баскет со Водно Санс.
Наредниот ден, на 12 мај, во недела, на распоред се натпреварите за трето место, поточно големото финале по коешто ќе биде познат шампионот во оваа категорија од младински лиги.
Стефани Манева