Велосипедистите на МВК „Велес“ доминантни на отварањето на сезоната
Во Косово се одржа велосипедска трка во должина од 127 км. Се возеше од Приштина до македонска граница и обратно. Учество земаа 70 возачи од 15 клуба од Македонија, Албанија и Косово.
Кај сениорите прв е Виктор Ванчевски пред Мике Крстев додека третото место го освои Тео Врондалиев сите од велешкиот тим. Кај јуниорите најдобар беше Дарко Димовски исто така од МВК „Велес“.
Тренерот на екипата, Сашко Ванчевски, изјави:
„Постигнавме голем успех. Се надевав на некој пласман во првите тројца но ова е одличен резултат на отварањето на сезоната. Времето не ни беше наклонето. Ветар и дожд имаше во текот на целата трка а на повисоките места и снег. Во целта велосипедистите стигнаа премрзнати. Според постигнатото подготвени ја дочекуваме сезоната.“
Лазар Лазаровски