(Видео и фото) Стигнаа грчките одбојкарки во Велес, одржани првите тренинзи на Меѓународниот турнир
Екипата на ГС„Лариса“ од соседна Грција прва стигна на Меѓународниот одбојкарски турнир што утре,сабота и задутре, недела ќе се одржува во спортската сала на ООУ„Блаже Конески“. Како одбојкарките гостинки така и домаќинките на ОК „Виола Волеј“ од Велес доцна попладнево ги одржаа тренинзите.
Дума.мк разговараше со Георгиос Ставролакис, тренер на Г.С „Лариса“ кој ги соопшти своите први впечатоци од Велес, од Македонија и очекувањата од првиот Меѓународен одбојкарски турнир на велешкиот одбојкарски женски клуб. Преводот од Грчки на Македонски јазик е на ученичката Константина Данаи Николакополу.
Во сабота, на 11 мај, во раните утрински часови во Велес ќе пристигнат одбојкарките на ОК „Панда“ од Врање, Србија и на ОК „Јанта Волеј“ од Скопје вели Милан Радевски тренер на ОК „Виола Волеј“. Радевски соопшти како се роди идеата за овој турнир но и што ќе се случува утре и задутре во Велес.
Спортската сала на ООУ„Блаже Конески“ утре и задутре ширум ќе ги отвори вратите за сите љубители на одбојката. Влезот е бесплатен. Свеченото отворање на Меѓународниот турнир е закажано за сабота, во 10:00 часот. И во недела, на 12 мај, натпреварите започнуваат во 10:00 часот.
Стефани Манева
Фото галерија