80 години од формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“, полагање цвеќе пред споменикот на Славеј Планина

Објавено на 18 август, 2023 во 12:19

На денешен ден, во 1943 година, на Славеј Планина, кај Дебрца, од припадници на битолско-преспанскиот народноослободителен партизански одред „Даме Груев“, од велешкиот народноослободителен партизански одред „Димитар Влахов“, од прилепскиот народноослободителен партизански одред „Ѓорче Петров“ и од новодојдени борци од територијата на Дебарца, бил формиран Првиот македонски народно ослободителен партизански баталјон „Мирче Ацев“.

Дебрца во Втората светска војна била првата слободна територија во окупираната Македонија.

По повод 80-годишнината од формирањето на баталјон „Мирче Ацев“ денес, 18 Август -Денот на АРМ, ОО Сојуз на борци на НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и локалната самоуправа на Општина Дебрца организираат собир и полагање свежо цвеќе на споменикот на  Славеј Планина,пренесе Охридњус.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.