Бектеши: Ќе бидат дозволени акции на производи заради уште пониски цени од гарантираната
Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска најави и измени во делот на акциите на производиите кои можат да ги прават ланците маркети. Како што наведе, ќе има мала корекција и ќе бидат дозволени акции на производи заради уште пониски цени од гарантираната, односно акции за дополнително намалување.
-Ми беше важно граѓаните да не бидат измамени, односно да се ставаат во заблуда, откако ќе бидат објавени одредени акции, кога ќе одат дома да видат дека рокот на траење е два дена и да имаат дополнителни трошоци бидејќи повеќе од 50 отсто од производите треба да ги фрлат. Такви акции нема да бидат дозволени, кажа Бектеши на денешната прес-конференција во Владата, додаде Бектеши.
Првиот човек во ресорот економија најави и состанок со производителите и дистрибутерите на пијалоци во државава со кои ќе дискустира за вклучување на овие производи во одлуките за поевтинување на производи што ги најави Владата.
-Очекувам да имаме позитивен „фидбек“ и од нивна страна и со наредна одлука, освен хемиските производи, да бидат вклучени и пијалоците во намалувањето на цените до 30 ноември, посочи Бектеши.
Дума.мк