Бектеши: Подготвен е огласот за ваучерите за домашен туризам, ќе биде пуштен неделава
Објавено на 18 мај, 2021 во 14:05
Веќе е подготвен огласот за ваучерите за домашен туризам од страна на Министерството за економија и во текот на неделава ќе биде објавен, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
-Секторот за туризам во текот на денов ќе го достави до стопанските комори за да ги дадат и последните коментари. Откако за два до три дена ќе ги добиеме ќе го објавиме, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање по промоцијата на платформата safetravels.gov.mk за имплементација на „Знак за безбеден туризам“.