Бесплатана пешачка тура низ Битола – битолчани беа туристи во својот град

Објавено на 20 февруари, 2023 во 10:55
Фото: Апла.мк

Битола крие огромен број знаменитости и убавини кои треба да се зачуваат и пренесат. Приказните за Офицерскиот Дом, за Мустафа Кемал Ататурк и неговата љубов, за браќата Манаки, геноцидот врз Евреите, Саат Кулата, Старата чаршија, ликовната колонија Мал Битолски Монмартр се само дел од богатата историја на градот, што им ги раскажуваат туристичките водичи на домашните и странски туристи. Но, битолчани ретко имаат можност на ваков начин да го доживеат градот, па затоа Асоцијацијата на туристички водичи го одбележа 21 февруари , Светскиот ден на туристички водичи со двочасовна бесплатна пешачка тура ја претставија Битола пред нејзините граѓани онака како што тоа го првата пред многубројните туристи.

Фото: Апла.мк

-Сакаме на нашите сограѓани да им ја раскажаме приказната која што им ја пренесуваме во 2 и пол до три часа на домашните и странските туристи, за повторно да се вратат назад, да видат дека Битола има многу убави работи, повторно да не посетат тие или нивните родните пријатели и добриот глас да се шири далеку. Многумина од битолчани не го посетиле Музејот, или не ја посетиле Хераклеја. И јас и моите колеги пред да ја започнем оваа работа, не знаевме многу податоци, но професијата не научи да ги бараме тие приказни и да ги пренесуваме. Има неверојатна реакција, домашните и странските туристи воодушевени се од богатата историја, традицијата, музиката. Воодушевени се кога им кажуваме на пример дека овде пред 100 години имало избор за мис, кога пред 99 години Широк Сокак бил осветлен со канделабри, потоа конзуларните претставништва, Музејот кој е сместен во објектот каде учел Мустафа Кемал Ататурк, Офицерскиот дом и ред други места, локалитети, објекти кои шо се гордост на градот и ретко каде можеат тоа да го доживеат и видат. Нормално е да ја пренесат таа информација. Наше е да го затскриеме она што е проблем и е негативното, а да го претставиме најдоброто за да имаме што повќе туристи во нашиот град, вели Горан Пинза, лиценциран туристички водич.

Македонската асоцијација на туристички водичи оваа бесплатна пешачка тура во најпосетените туристички места ја организира втора година по ред по повод Светскиот ден на туристичките водичи, 21 февруари.

Текстот во целост прочитајте го на Апла.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.