Брнабиќ: „Отворен Балкан“ придонесе за економските и политичките односи со Македонија
Објавено на 31 март, 2023 во 14:44
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека економските и политичките односи меѓу Србија и Северна Македонија се подобруваат, а за тоа придонесе иницијативата „Отворен Балкан“.
На заедничката конференција со македонскиот премиер Димитар Ковачевски, таа рече дека голем дел од денешните разговори бил посветен на оваа иницијатива и проекти.
Брнабиќ истакна дека како резултат на таа иницијатива се подобруваат економските односи и изрази очекување годинава трговската размена да надмине 1,5 милијарди евра, а можеби и да достигне две милијарди.
Дума.мк