Царинска управа: Запленети 120 килограми тутун и 19 илјади парчиња цигари

Објавено на 8 јуни, 2023 во 15:37

Во координирана акција на Секторот за контрола и истраги на Царинската управа и Единицата за економски криминал при Одделот за крим полиција при Министерството за внатрешни работи, денеска во Тетово кај едно лице се пронајдени и запленети 120 кг режан тутун за пушење и 19.000 парчиња цигари без акцизни маркички.

Со ова е спречен обид за пуштање во промет акцизна стока, за која е избегнато плаќање на акцизни давачки. 

Стоката е привремено одземена, а од страна на Царинската управа против лицето ќе бидe поднесенa кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.