Црна Гора потрошила 30.000 евра за ПЦР тестови за туристите

Објавено на 15 јули, 2021 во 10:37

Од почетокот на јуни до крајот на минатата недела, Црна Гора потрошила околу 300.000 евра за бесплатно ПЦР-тестирање на туристите кои престојуваат во државата, објави весникот „Вијести“.

Според црногорскиот Институтот за јавно здравје, од почетокот на јуни до 2 јули биле извршени 5.689 ПЦР-тестови врз странски државјани во Црна Гора, кои чинеле околу 50 евра.

Помалку од еден процент од тестираните биле позитивни, односно Ковид-19 е регистриран кај 44 лица.

ИЈЗ не одговори на прашањата колку позитивни туристи биле хоспитализирани, дали и колку од нив барале лекување во здравствени домови и болници, колку биле тестирани и колку биле позитивни во општините.

Според податоците на Националната туристичка организација, на 5 јули во Црна Гора имало околу 62.000 туристи, што е деветпати повеќе од лани во истиот период, и 70 проценти повеќе во споредба со истиот период во 2019 година.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.