ЦУК: 1.945 повици на 112, во последното деноноќие, а утрово има се уште активен пожар на отворено од вчерашните девет
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 945 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 39,90%, а 60,10% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 59,64%, кон Итната медицинска помош 36,46%, а кон пожарникарите 1,30% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, 2,60% со другите 60,10% што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 1 177 на број и биле предмет на примање, селективна обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи.
ЦУК информира дека утрово има се уште еден активен пожар од деветте вкупно пожари на отворено во државата, а пожарникарите истовремено секако гаснеле и други пожари во населени места. Конкретно, РЦУК Тетово, известува дека вчера во 18.05 часот, на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 имало пријава за пожар над с. Стримница во Општина Желино. Пожарникарите од ТППЕ Тетово не интервенирале поради непристапност на теренот, а од известените ЈП „Национални шуми“, подружница „Лешница“ од Тетово информирале дека горела трева, смрека и зеленика, како и дека немало опасност од проширување на пожарот. Инаку, превентивно биле известени и ДЗС Тетово, како и Општина Желино. Пожарот е се уште активен утрово.
Регионалниот ЦУК Скопје известува дека БППЗ на град Скопје, имала вкупно пет интервенции заради запалена ниска вегетација и запалено ѓубре кај с. Чојлија во Општина Петровец.
Регионалниот ЦУК, известува дека пожарникарите од ТППЕ Прилеп, вчера имала две интервенции заради запалена ниска вегетација кај месноста „Заграб“ и крај патот за Манастир „Богородица“.
Регионалниот ЦУК Куманово, известува дека пожарникарите од ТППЕ Куманово имале една интервенција заради запалена ниска вегетација во населбата „Тоде Мендол“.
Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.
Истовремено, потребно и корисно е да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
Дума.мк