ЦУК: Активни пожари на отворено до утрово нема, на 112 во ЦУК имало 1.463 повици и почувствуван земјотрес во Демир Капија
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/11/cuk3-696x522-1.jpg)
Пожари на отворен простор во претпоследното деноноќие немаше, најверојатно заради влажното и врнежливо време, но пожарникарите сепак имаа работа во урбаните средини, според извештаите во Секторот за операции и координација (СОК) во Центарот за управување со кризи ЦУК добиени од неговите регионални центри и од институциите во државата од Системот за управување со кризи (СУК). Активни пожари на отворено нема утрово.
Во Скопско и во Охридско пожарникарите имале по една една помала интервенција на отворено. Во Тетовско во период од 18:40 до 20:15 часот со 1 ПП возило и 6 пожарникари гаснеле запален кров од ресторан во Тетово и пожарникарите од ТППЕ Гостивар во период од 16:20 до 17:10 часот со 2 ПП возила и 6 пожарникари интервенирале на запален подрум од куќа во центарот на Гостивар.
Според последниот извештај на Секторот Е-112 во ЦУК на Единствениот број за итни случаи до изминатото деноноќие најмногу повици биле упатени кон Полицијата (50,99%) и Итната медицинска помош (41,58%), од повиците за итни случаи. Другите повици биле упатени кон Територијалните единици за противпожарна заштита, АМСМ, а ЦУК ги (од 3 до 10%најчесто) решавал, координирал итните случаи за комбинирано дејствување. При што било потребно координирано да интервенираат и многу комунални и други претпријатија на општините и од други институции, служби и фирми, што се дел од СУК.
Инаку, вчера во нашата држава беше почувствуван земјотрес, според информација од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 18 часот и 16 минути, чиј епицентар се наоѓал 107 km југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Демир Капија, со Рихтерова локална магнитуда ML3.2. Земјотресот е почувствуван во југоисточниот дел, од населението во околината на Демир Капија, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Дума.мк
Фото: Нова Македонија
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)