ЦУК: „Една година од работата на Сектор 112, телефонскиот број за итни случаи – една година со граѓаните,уште многу пред нас“

На 11 февруари, се одбележува европскиот ден 112 – бројка која го означува телефонскиот број кој може бесплатно да се повика за итни случаи во сите 27 земји членки на Европската унија. Овој број може да го повика секој граѓанин во ЕУ, и од фиксен и од мобилен телефон, во случаи кога итно е потребна помош од Полиција, Брза помош или Пожарна, соопштија од Центар за управување со кризи. Денеска вработените во ЦУК, Секторот Е – 112, го одбележаа овој ден и самоиницијативно одлучија да им оддадат почит за вложениот труд и напорите за успех на европскиот проект и кај нас, на директороСтојанче Ангелов, на заменик директорот Екрем Зендели, на секторскиот раководител пензионираниот Душко Петровски и на сегашниот секторски раководител Зоран Блажевски, којшто до неодамна беше секторски заменик раководител.

„Кратко дружење за време на паузата за работа, на пладне, во Салата за состаноци во ЦУК, во меѓупросторот при бројните активности. Притоа, вработените им оддадоа признание и респект, со пригодни плакети, на раководните луѓе кои ги предводеа и заедно со нив го надоградуваа системот 112 во ЦУК за целата држава. Тоа беше и едно пријатно колегијално изненадување за раководниот кадар, што даде особен белег на симболичното и спонтано колегијално чествување на првата годишнина, но и голема самосвест за себе, а и чувство за ангажманот за успех на проектот 112 и на придонесот на надредените за да се оствари зацртаното. Тоа, како што именуваа вработените, е согледување и респект на вложениот труд и напор за да се стигне до тоа што денеска е 112 во ЦУК, во државата и пошироко во меѓународна заедница, на тие под чие раководство се надоградуваа, паралелно со работата и со развивањето на европскиот проект 112: директорот Стојанче Ангелов, заменикот директор Екрем Зендели, првиот раководител на сектор 112 Душко Петровски, којшто сега е пензионер и новиот раководител Зоран Блажевски, којшто до неодамна беше секторски заменик раководител,“ пишува во соопштението за јавност на ЦУК.

Во оваа државна институција, во која најчесто давањето плакети за успех и респект на ангажманот е обратеен поточно раководителите доделуваат плакети за прв пат се случува вработени да им дадат плакети на раководителите и директорите. Според ЦУК станува збор за спонтано, самоиницијативно изненадување со кое се одбележува годишнина и оддавање респект на своите надредени во ЦУК, по повод првиот роденден на Секторот Е-112.
Европската комисија и Европскиот парламент официјално го ставија во употреба телефонскиот број 112 од февруари 2009 година.
Дума.мк
