ЦУК: Во последното деноноќие три пожари на отворено, 1.482 повици на 112, пренесување на починат планинар
Во неделата, односно во последното деноноќие, согласно пристигнатите информации во Центарот за управување со кризи имало три регистрирани пожари на отворено, вкупно 1.482 повици кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК и имало едно комбинирано интервенирале за пренесувањето – извлекување на починатиот планинар од планината Пелистер до пристапен пат за понатамошна постапка. Секако имало и задоцнети повици за санирање ситуации од силен ветар во саботата.
Во Скопско, пожарникарите од БППЗ на Град Скопје од 17:30 часот до 19:00 часот со 2 ПП возила и 5 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација со површина од 1 ха во атарот на с.Љубин во Општина Сарај. Пожарникарите од ТППЕ Кривогаштани од 16:00 до 16:30 часот, со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од 2 ха помеѓу селата Кривогаштани и Врбјани.
Од ТППЕ Битола, од 18:49 до 22:10 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација кај месноста „Петилеп“ во атарот на с.Беранци во Општина Могила.
Според последниот извештај на секторот Е-112 во ЦУК кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 1.482. „Реални“ повици за итни случаи имало 37,99%. Имало 62,01% други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни. Со примањето во ЦУК на овие други повици се растоваруваат од повици службите коишто се за итно интервенирање. Кон Полицијата биле упатени 43,03% од повиците, кон Итната медицинска помош 43,03%, а кон пожарникарите биле упатени 2,42%. Кон ЦУК имало 11,52% од итните реални повици за комбинирано решавање, што е над просекот повци, што вообичаено се движи од 3% до 10% што ги решава, секако заедно со 62,01% други, именувани и како „неитни повици“, ги координира итните случаи чија природа на настан „бара“ комбинирано дејствување на повеќе институции или служби во државата. За пренесувањето – извлекувањето на починатиот планинар од планината Пелистер, Регионалниот ЦУК Битола информира дека од МВР- СВР Битола вчера (19.11.2023 година) прво во 12:50 часот, добиле известува дека на 500 метри над месноста Ловечка куќа на планината Пелистер – на тешко пристапен терен има починато лице (планинар). Се работело за повозрасно лице од Скопје. Од РЦУК Битола веднаш се известени ДЗС Битола коишто имаат тим за интервенции во планински услови, за истиот тим да го ангажираат и телото на починатото лице да го транспортираат до најблиското место каде можело да дојде соодветно возило да го преземе. За подобра координација е направен контакт помеѓу дежурните лица во МВР-СВР Битола и ДЗС ПО Битола. Инаку, местото каде било пронајдено лицето (телото) било околу 2.000 метри надморска височина. Помеѓу 14:30 и 15.00 часот, е испратена екипа на терен да го подигне телото на починатиот планинар и да изврши увид од страна на МВР. Екипата била составена од четири члена од тимот на ДЗС Битола за брзи интервенции, претставник на МВР и вработен од Итна медицинска помош од Битола. Во 18.10 часот, телото на починатиот планинар било донесено до асфалтен пат од каде што со специјализирано возило било транспортирано, согласно процедурите за ваков случај.
Дума.мк