ЦУК: Во последното деноноќие три пожари на отворено и 1.593 повици на 112 железничкиот

Објавено на 16 ноември, 2023 во 08:55
Фото: ЦУК

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Битола во текот на денот имала две одделни интервенции кај с.Лознани и тоа: првата била од 16:30 до 17:45 часот, кога со два пожарникара и едно ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација и грмушки и втората била од 17:35 до 19:45 часот, кога со повторно гаснеле запалена ниска вегетација.

Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека пожарникарите од ТППЕ Струмица, од 14:45 до 16:25 часот, со четири пожарникари и едно ПП возило гаснеле запалена деградирана нискостеблеста шума и ниска вегетација над с.Раборци.

Според последниот извештај на сектотот Е-112 во ЦУК кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 1.593. „Реални“ повици за итни случаи имало 39,74%. Имало 60,26% други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни. Со примањето во ЦУК на овие други повици се растоваруваат од повици службите коишто се за итно интервенирање. Кон Полицијата биле упатени 54,85% од повиците, кон Итната медицинска помош 39,32%, а кон пожарникарите биле упатени 2,43%. Кон ЦУК имало 3,40% од итните повици, што е во рамки на просекот од 3% до 10% што ги решава, секако заедно со 60,26% други, именувани и како „неитни повици“, поточно ги координира итните случаи чија природа на настан „бара“ комбинирано дејствување на повеќе институции или служби во државата.

ЦУК известува дека, согласно информирањето од Македонски Железници дека поради напукнат бетонски столб на мост на Црна Река, на линијата Гевгелија – Велес, поточно помеѓу железничките станици Кукуричани – Градско (во близина на Стоби), железнички сообраќај на овој патен правец е во прекин, (и патнички и товарен), но патничкиот сепак се одвива со „премостување“ – со автобуски превоз. На барање на Македонски железници професори од Градежен факултет вчера биле излезени на терен и извршиле увид на состојбата со мостот. Потоа биле на состанок во ЈП Македонски железници се со цел изнаоѓање на решение за санација на мостот и мерки и активности кои што треба да се превземат за да се надмине настанатата состојба. За донесените одлуки ЦУК дополнително ќе информира кога ќе добие известување по завршувањето на анализите и разгледувањето на ситуацијата.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.