Денеска не очекува сончево време, за време на викендот повторно високи температури
Објавено на 22 јули, 2021 во 09:25
Денеска не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер а вдолж на Повардарието и засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 24 до 34 степени. УВ индексот ќе биде 8, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во следните денови се очекува период на стабилно време. До сабота дневните температури ќе бидат најмногу до 35 степени а потоа брзо ќе растат. Во недела максималната температура ќе достигне до 38 степени.