Европејците боледуваат од термоелектраните на јаглен!
Гасовите од термоелектраните на јаглен на подрачјето на Европската унија годишно усмртуваат повеќе од 18.000 луѓе а ако би се додале уште државите Турција, Хрватска и Србија таа бројка би можела да се искачи и на 23.000 луѓе, пишува во објавениот извештај на Здружението за здравје и околина (Health and Environment Alliance, HEAL) во Брисел.
Штетата по здравјето и околината од термоелектраните на јаглен во ЕУ годишно изнесува 42,8 милијарди евра а со трите претходно наведени земји ,скока на 54,7 милијарди евра.
Извештајот на 46 страни под името „Неплатена сметка за здравје“ укажува дека термоелектраните на јаглен се клучни во загадувањето на воздухот. Тие се „невидливи убијци“ и голема опасност по јавното здравје, велат здравствени работници.
Термоелектраните на јаглен предизвикуваат прерана смрт на 18.200 луѓе годишно, околу 8.500 нови случаи на хроничен бронхитис и околу 4 милиони изгубени работни денови секоја година.
“Посебно загрижува тоа што користењето на јаглен порасна после падот лани,“рекол Џенон Јенсен,шеф на Здружението.
Германија, на која заедно со Полска и Романија им отпаѓа половина од здравствените трошоци на ЕУ повторно ги активира термоелектраните на јаглен зашто одлучи да ги затвори нуклеарните централи.
Според Јенсен,големите последици по човечкото здравје би морале да поттикнат ревизија на енергетската политика во ЕУ.
Жан Пол Сулије од Европското друштво за респираторни заболувања укажува дека отстранувањето на загадувањето од термоелектраните на јаглен би донело заштеда на пари кои сега се издвојуваат за лекување, со тоа што и просечниот век на термоелектраните е подолг од 40 години./Б.Н.Т
Извор: zelenasrbija.rs

Напиши коментар
Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.