Вонземјани го откриваат Пелистер!
Преку интензивна медиумска кампања, со интересни спотови во кои од вселената се открива неоткриен свет, ќе се промовираат националните паркови кои се дел од Динаридите, масивот низ земјите од поранешна Југославија вклучувајќи ја и Албанија.
Целта е да се создаде туристички бренд за овој регион и да се претстави пред меѓународната јавност, да можат светските тур-оператори да ги понудат на побогатите туристи кои можат да патуваат и на поголема далечина и да ги посетат овие национални паркови. Идејата е овој масив да се промовира на истиот начин како што се промовираат Алпите и Карпатите. Во проектот е вклучен и НП „Пелистер”.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=txvrfOqFsGM{/youtube}-Целта е да се запознае јавноста со овој неоткриен свет, а тоа е и насловот на кампањата. Всушност вонземјани доаѓаат на планетата и го откриваат неоткриениот свет, изјави Пеце Цветановски, НП „Пелистер”.
Сите претставници од сите земји заеднички работат на проектот, а веќе била реализираната студиска посета во Словенија.
-Сега ќе има и во Македонија, ќе ги посетиме нашите паркови. Треба да се утврди она што може да се понуди пред странските инвеститори, вели Цветановски.
Треба да се искористи оваа шанса за привлекување на туристите, велат од НП „Пелистер”.
-Кога поминуваат туристите од тука, да навратат и да го видат Пелистер, вели Цветановски.
Со проектот “Парковите на Динарската верига” треба да се создаде платформа на заштитените подрачја од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија, Словенија и Србија, преку вмрежување на парковите, студиски патувања и размена на искуства.
Маја Богоевска ТВ Тера Битола