Од Фукушима повторно протекува радиоактивна вода

Објавено на 3 октомври, 2013 во 22:45

Околу 430 литри радиоактивна вода се излеала од еден контејнер на оштетената нуклеарна електрана во Тихиот океан, соопштило денеска Токиското електростопанство (ТЕПКО). Иако не е утврдено колку радиоактивна вода протекла во океанот Владата на Јапонија соопштила дека ситуацијата „е под контрола“. ТЕПКО, после земјотресот и цунамито во 2011 година, кои ги оштетија реакторите во комплексот Фукушима складирал 300.000 тони радиоактивна вода во контејнери, пренесе јапонската агенција Кјодо.

Радиоактивната вода во тие контејнери содржи 580.000 бекерели во литар радиоактивни супстанци меѓу кои и стронциум 90. Според Законот границата е 30 бекерели во литар.

Според јапонските медиуми, водата која вчера се излеала од еден од 1.050 контејнери е поради грешка во полнењето. Од овој контејнер досега неколку пати се излевала радиоактивна вода а најлошиот инцидент се случил во август, годинава, кога било откриено дека од неколку контејнери истекле 300 тони радиоактивна вода кои завршиле во океанот и во подземните води.

Јапонската Влада во септември најавила дека ќе вложи стотици милиони долари во изградба на леден ѕид околу Фукушима за да го запре протекувањето на радиоактивната вода.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.