Тетовци, во недела, на протест против загадувањето
Жителите на Тетово најавуваат за в недела одржување протест на кој ќе го искажат незадоволството од огромното загадување на воздухот во градот.
Поаѓајќи од официјалните резултати, кои покажуваат алармантна загаденост на Тетово со 17 пати поголемо од дозволеното, како и неможноста да се дише заради загадениот воздух на ниво на труење, НИЕ граѓаните на овој регион најавуваме голем протест со цел да се стави КРАЈ на канцерогеното загадување на жителите на овој крај.
Протестот ќе се оддржи во недела (29 Декември) центарот на Тетово во 11.55 часот. Времето на оддржувањето на протестот е намерно избрано 5 до 12 за да испрати порака до сите граѓани, жители на Тетово и околните општини дека пред нас се последните 5 минути за да се освестиме и да реагираме пред да биде многу доцна.
Нашите барања се многу јасни:
– Владата да ги затвори сите поголеми загадувачи се до имплементирањето на еколошките стандарди од нивна страна преку вградување соодветни филтери.
– Итно решавање на проблемот со дивите депонии во Полошкиот регион
– Општинските и владините инспекции за животна средина да ги казнуваат сите оние лица кои несовесно палаат гуми и друг материјал во општините Тетово, Теарце, Јегуновце, Желино, Боговиње и Брвеница.
Нашата цел не е затворање на индустриски капацитети, туку истите да ги исполнуваат еколоѓките стандарди кои се предвидени во Аксиониот план за заштита на животната средина, кои се услов за членство во ЕУ. Ги повикуваме сите граѓани на Тетово и Полошкиот регион да го кренат својот глас преку излегување на протест во недела и во наредниот период, се до исполнување на нашите барања. Ова мисија мора да биде исполнета како превентива од канцерогените и респиративните заболувања, кои ги носи овој ниво на загадување. Ние, без разлика на политичка, идеолошка, верска, етничка и друга припадност МОРА заедно и енергично да реагираме за да обезбедиме побезбедна средина за живеење не само за нас туку и за идните поколенија. Ние МОРА да и кажеме СТОП на оваа канцерогено загадување на Тетово и околните општини“.
Организативниот одбор на протестите „СТОП на канцерогеното загадување на Тетово“
