Регионална конференција за климатски промени
Објавено на 2 јули, 2014 во 07:03
Во Скопје денеска почнува дводневна регионална конференција за адаптација на климатските промени.
На конференцијата ќе бидат разменети знаења и искуства за справувањето со климатските промени и за зајакнување на соработката и развој на националните и регионалните институции во земјите од ЕКРАН мрежата.
Најавено е присуство на министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, евроамбасадорот Аиво Орав и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.