Висок индекс на загаденост на воздухот во делови на Скопје
Објавено на 13 октомври, 2014 во 15:07
Според измерените концентрации на загадувачки материи во воздухот, најзагадени со штетни честички се дел од скопските населби.
Над дозволените ПМ 10 честички се регистрирани на мерните станици во Карпош, Гази Баба и Ректорат, а штетни ПМ 25 честички има во Карпош.
На останатите мерни места во Скопје и во Земјава загаденоста на воздухот е на средно и ниско ниво.
