Битолчани синоќа на масовен протест против аерозагаденоста
„Воздухот е живот, воздухот е право“, „Битола сака чист воздух“„Дајте ни да дишеме“; „ За нас се работи“. Со овие пароли вчера вечер околу 1000 битолчани на протетстен марш по Широк Сокак го дигнаа својот глас против аерозагадувањето во Битола, јави Телма.
-Мислам дека на ваков начин ќе се подигне свеста кај граѓаните, а на овој собран народ, ако не нешто повече власта ќе се замисли, рече еден битолчанец.
-Се надевам дека на овој начин ќе се подигне свеста кај луѓето, затоа што за нас се работи,таа е паролата. Тука нема партиски поделби, сите дишеме ист воздух, изјави друг битолчанец.
Од невладината организација „За нас се работи“, кои се организатори на протетстот, бараат од центарлната и локалната власт конкретни мерки против загадувањето на воздухот во Битола, детектирање и санкционирање на загадувачите и поставување на мерни станици на повеќе локации низ градот. Протестот се одржуваше во исто време кога во Центарот за култура течеше свеченоста по повод Денот на ослободувањето на градот- 4 ноември.
-Резервен град немаме и затоа сме гневни, затоа што властите секојдневно си поигруваат со животот на битолчани. Се собравме овде на овој ден, не со цел да го омаловажиме, не со цел нешто да уриваме, туку јасно и гласно да им кажеме дека за нас се работи, изјави Иван Јерчиќ од невладината За нас се работи.
Од невладината организација „За нас се работ“ велат дека нема да запрат само на овој протест, туку ќе органзираат активности се додека квалитетот на воздухот во Битола не ги добие дозволените гранични вредности.
