Состојбата со загадениот воздух, утре, повторно на седница на Владата

Објавено на 26 декември, 2013 во 15:19

Владата утре повторно ќе ја разгледува состојбата со загадувањето на воздухот во Скопје, Битола, Кичево и Тетово, пренесе А1.он. Доколку состојбата не е променета, министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми најави порадикални мерки.

– Од информациите на Управaта за хидрометеоролошки работи ќе зависи  и одлуката на Владата за продолжување на мерките заради состојбата со амбиентниот воздух, рече Адеми.

Поради високиот процент на ПМ10 честички во воздухот Владата донесе одлука за ослободување од работни обврски за бремените жени, лицата над 60 години и лицата болни од астма, без разлика на возраста, со препорака од матичен лекар. До утре важи и препораката работниците кои работат на отворено, како што се градежните работници тоа да го прават од 11 до 17 часот, а градинките, основните и средните училишта да не изведуваат активности на отворено.

Воздухот во скопскиот, битолскиот, кичевскиот и тетовскиот регион и денеска е со висока концентрација на ПМ 10. Вчера нивото беше поминато за повеќе од 400 милиграми на метар кубен.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.