Од јуни авио линија Охрид – Белград

Објавено: 25 февруари, 2016, во 09:11 часот

На работниот состанок помеѓу градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и менаџерскиот тим на Ер Србија“ што денеска се одржа во Белград , се разгледала можноста од почетокот на месец јуни до крајот на октомври, да стартува авио-линија Охрид – Белград, соопшти Општина Охрид.

„На работниот состанок беа разгледани сите модели коишто се во интерес на двете страни. Притоа беше заклучено дека воспоставувањето на авио линијата Охрид – Белград за нас е значајна од два аспекти. Од една страна оваа авио линија ќе биде во интерес на развој на туризмот што би значело носење на туристи на охридската ривиера од Србија но и од европските земји со кои белградскиот аеродром има конекции како и носење гости од Соединетите американски држави ако се земе во предвид фактот дека во скоро време стартува директната авио линија Њујорк – Белград чии летови ќе бидат пет пати неделно. Од друга страна оваа авио линија ќе биде значајна за нашите граѓани кои ќе ги користат поволните можности да патуваат од странските дестинации до дома и обратно преку белградскиот аеродром“, се наведува во соопштението.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.