Жените каскаат зад мажите со пониски плати
Мажите повеќе ќе заработуваат од жените во наредните 70 години, информираа вчера во Женева од Меѓународната организација на трудот, пишува Фактор.
Засега жените во просек заработуваат 23 % помалку од мажите. На глобално ниво, невработеноста на мажите е 72 %, а кај жените е 46 %.
„Во последните две децении жените значително го подобриле својот образовен профил, но тоа не резултираше со нивна подобра позиција на работа“- стои во извештајот.
Жените се претежно со семејството и повеќе се грижат за децата, така што многу од нив не работат или заработуваат помалку.
Паралелно многу жени се одлучуваат да работат на „црно“ и послабо платени професии, што резултира со големи разлики во приходите во одминати години.
Околу 200 милиони постари жени во светот живеат без редовна пензија, а со истиот проблем се соочуваат и 115 милиони мажи, додаваат од Меѓународната организација на трудот.