Шеици ќе градат пет фабрики за храна во Србија!
Компанијата „Ал Дахра„ од Арапските Емирати во Србија ќе вложи 300 милиони евра.
Ќе градат погон за производство на храна во Бачка Паланка а го меркаат пристаништето во Панчево. Шеиците се со план да купуваат и бродови.
Конечен договор за продажба и закуп на земјата што ја поседуваат осум земјоделски комбинати, помеѓу владата на Србија и компанијата „Ал Дахра, ќе биде потпишан наредниот месец.
Тогаш ќе се формира нова фирма во која Србија ќе биде сопственик на една петтина. Овој месец се очекува Србија и Арапските Емирати да склучат Меѓународен договор за соработка.
„Ал Дахра“ денеска по разговорите со министрите за финансии и за земјоделство на Србија, Динкиќ и Кнежевиќ, покажала интерес за неколку вложувања.
По купувањето и изнајмувањето на земја, Арапите во Србија најавиле изградба на пет фабрики за преработка на храна, инвестиција во пристаништето во Панчево како и обновување на флотата на „Југословенското речно бродарство“.
„Во наредните месец и половина тим на експерти на Ал Дахра ќе ги одберат локациите за изградба на петте фабрики а сигурно една од нив ќе биде во Бачка Паланка,“ реќе министерот Динкиќ. „Со раководителите на Панчево ќе разговараме во функција да стават 40 хектари државна земја за изградба на ново пристаниште за потребниот логистички центар. На фирмата Југословенско речно бродарство, која е во државна сопственост и работи со добивка, потребно и е обновување на речната флота што предизвика интерес кај Ал Дахра. Таа сака да вложи 40 милиони евра во купување на нови бродови со што ќе можеме да обезбедиме подобар транспорт на нашите земјоделски производи,“ рече Динкиќ.
„Ал Дахра“ сеуште нема точна пресметка на своите вложувања во Србија. Во опрема, нови фабрики, производство и други области првично планира да вложи 300 милиони евра.
„И покрај тоа што Србија ќе биде сопственик на 20 отсто од заедничката фирма ќе има и 85 отсто корист од нашите вложувања во обртни сретства. Ќе има корист од откупот на храна, новите работни места, изградбата на логистички центар, фабрики. Изборот на локации за изградбата на фабриките ќе зависи од сообраќајните врски, електро капацитетите но и од потенцијалот и бројот на земјоделците. Ним ќе им понудиме пет годишни договори според кои точно ќе им ги кажеме нашите потреби и со која динамика ќе треба да сеат. Тоа ќе им даде сигурност на земјоделците,“ рече Кадим Абдула Алдареим, заменик претседател на „Ал Аин“ и „Ал Дахра холдинг“.