Србија: Увезено македонско пилешко месо со сомнителен квалитет!
Производството на животинско месо во Србија опаѓа а расте увозот.
Земјоделската комора на Србија предупреди дека се увезувало месо со сомнителен квалитет обвинувајќи ја државата за недоволна грижа кога станува збор за увозот на јајца, месо и месни преработки од Македонија и од Босна и Херцеговина, две земји кои извезуваат повеќе отколку што можат да произведат.
Како што пишува српски Блиц, прашање е од каде тогаш доаѓа месото кое го јадат граѓаните во Србија и зошто е толку поевтино од домашното.
Српските производители, поради скапиот процес на производство, не се конкурентни. Затоа се намалува и производството на животинско месо во земјата, кое што за три години е преполовено и моментално изнесува околу 100.000 тони годишно. Како последица на тоа, Србија увезува се поголеми количини на пилешко месо и преработени производи.
Мирослав Благојевиќ од Земјоделската комора на Србија изјавил дека преработените производи се купуваат од нашата земја, а кај нас, домашното производство не ги покрива ниту сопствените потреби.
Минатата година во Србија биле увезени повеќе од 1,1 милион пилиња и значајни количини на месо. Благојевиќ изјавил дека во Македонија месото се увезува од Бразил, каде што пак живината се храни со соја која што е генетски модифицирана.