Црногорската економија во рецесија!
Објавено на 28 март, 2013 во 19:36
Бруто домашниот производ во Црна Гора опаднал во последните два квартала во 2012 година ,објави Државниот завод за статистика.
На сајтот на Монстат е наведено дека падот на БДП лани, во четвртото тримесечие изнесувал 0,3 отсто а во третото 0,2 отсто.
Спрема прифатените критериуми ако некоја економија два пати по ред бележи пад на БДП тогаш за неа се вели дека е во рецесија.
Податоците за БДП за минатата година ,како што е најавено ќе бидат објавени во септември годинава кога би можело да се дадат и посигурни оценки за состојбата на црногорската економија.
Земјоделството во Црна Гора во 2011 година во првото тромесечје имало пад ,а подоцна пораст, кој во третиот квартал изнесувал дури 5,9 отсто./Б.Н.Т
Извор: Бета
