Хрватски „Осимпекс“ го купува „Пеко“!

Објавено на 29 март, 2013 во 22:50

За купување на словенечката фабрика за чевли „Пеко“ избрана е хрватска компанија.

Сега словенечката влада треба да ја разгледа понудата на „Осимпекс“ затоа што државата има двотретинско мнозинство во најстарата фабрика за производство на обувки во ЈИЕ. Акции во Пеко имаат и банките и фондовите, пренесуваат хрватските медиуми.

Хрватите понудиле 2 милиони евра и докапитализација од 4 милиони во наредните пет години, со обврска од 380 на работа да задржат 280 вработени, во следните пет години.

Поради падот на продажбата на производите на домашниот пазар „Пеко“ неколку години имаше проблеми во работата./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.