Поскапеа моделите на автомобили на руски „АвтоВАЗ“!
Објавено на 30 март, 2013 во 08:09
Руската компанија за производство на автомобили „АвтоВАЗ“ ги покачи цените на 3 модели автомобили што ги произведува. Првиот модел Грантата е поскап за 250 евра и сега чини 7.000 евра.
Исто така, зголемена е и цената за Лада Ларгус за околу 220 евра а со фул опрема и до 100 евра.
Цената на познатата Лада Нива, исто така е зголемена за 70 до 90 евра, во зависност од комплетот опрема.
Фабриката прогнозира раст на продажбата на автомобилите Лада во Русија до 550.000 автомобили.
Тоа ќе биде поголемо за 2,3 % во споредба со 2012 година кога „ АвтоВАЗ“ извезе 70.580 автомобили Лада.