Пад на продажбата на автомобили и во Германија!
Објавено на 5 април, 2013 во 09:08
Регистрацијата на нови возила во Германија,како клучна мерка во еден од најзначајните сектори на германското стопанство значително опаднала во март покажуваат податоците од германската Федерална агенција за моторни возила, КБА.
Во март се регистрирани 281.184 автомобили што претставува пад од 17,1 отсто во споредба со истиот од 2012 година, пренесува Франс прес. За време на првите три месеци од 2013 година регистрирани се 673.957 нови автомобили што е за 12.9 отсто полош резултат во однос на истиот период од минатата година.
Сличен пад на продажба на нови автомобили забележан е и во Франција, втора најголема земја во еврозоната./Б.Н.Т