Саксо: Кризата се шири низ цела Европа!
По финансиската катастрофа на Кипар, банкарската криза ќе се прошири низ цела Европа, предвидуваат експертите на данската Саксо Банка. Губитоците прво ќе ги покриваат штедачите и сопствениците на пропаднатите банкарски организации додека помошта на ЕУ ќе следи потоа.
Според мислењето на економистите на Саксо банка, тоа значи дека повеќе никакви влогови во Европа нема да бидат заштитени бидејќи ова е праг на период во кој политичката логика е посилна од економската.
На Кипар, инаку не се смирува ситуацијата после банкротот на тамошните банки од кои, спрема извештаите на локалните медиуми „снаодливите компании и трети лица“ изнеле околу половина милијарда евра.
Тоа се случило за време од две седмици на „банкарскиот одмор“ кога трансферот на пари беше формално забранет.
Спрема медиумите во Никозија, на кои се повикува агенцијата Итар Тас, некои кипарски, руски и украински фирми успеале да го избегнат „кастрењето“ на нивните депозити додека Лондонски Фајненшел тајмс пишува дека за тој скандал за време на наредните три месеци ќе се води посебна истрага, која лично ја наредил претседателот на кипар Никос Анастасиадис.
Првиот човек на Кипар меѓутоа минатата седмица исто така е споменуван како еден од учесниците во илегални финансиски трансакции и тоа за време на забраната за подигање на парични влогови од домашните банки со цел сопствените пари и оние на своето семејство под итно да ги „ослободи “ од банкротираните банки на островот.
Познатото кипарско семејство Луциус кое е во роднинска врска со претседателот на Кипар,успеало во кризниот период, според весниците во Никозија, од сметката на банкротираната Лаики банка на безбедно место да префрли десетина милиони евра.
Слично постапил и украинскиот тајкун Рихат Ахметов но и некои негови други руски колеги./Б.Н.Т