Поскапува дизелот за половина денар!
Новата цена на еуродизелот ќе изнесува 70,50 денари за литар,а екстралесното масло за домаќинство ќе се продава за 59 денари за литар.
Малопродажната цена на еуросуперот БС-95 останува 82,50 денари, а на еуросупер БС од 98 октани – 84 денари за литар.
Не се менува цената и на мазутот М-1 НС, која изнесува 42,471 денар за килограм.
Зголемувањето кое стапува на сила од полноќ го одобри Регулаторната комисија. Од таму соопштија дека просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14 дена изнесуваше 106,9 долари за барел и е за 0,80 пониска од просечната цена на сурова нафта (107,8 долари за барел), по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.
Курсот на денарот во однос на доларот во овој период изнесуваше 48,0267 денари за долар и е за 1,02 отсто повисок од курсот на доларот (47,5403 ден/долар), по кој беа формирани цените.