Нема да се објават имињата на поединци и фирми кои ги изнесоа парите од Кипар!
Остануваат во тајност имињата на околу 6.000 физички и правни лица кои изнесле пари од Кипар во странство на почетокот од март, годинава.
Претседателот на кипарскиот Парламент, Јанакис Омиру соопшти дека листата со имиња ќе им биде доставена на пратениците а за дел од трансферите на пари во странство се изјасни дека биле во рамките на законски, трговски и други дејности.
Претседателот на парламентарната комисија Димитрис Силурис ги критикуваше политичките партии дека формирале мнозинство за прекин на истрагата за префрлувањето на пари во странство.
Парламентарната комисија во вторникот го добила списокот со имиња на 6.000 физички и правни лица кои повлекле депозити во висина од десетици милиони евра што и го испратила Централната банка на Кипар.
Депозитите кои биле повлекувани од Кипар, од 1-ви до 15-ти март, биле трансферирани во странство.