Намалување на цените на роаминг услугите со ЕУ?!
Намалување на цените на роаминг-услугите на Македонија со земјите од Европска унија ќе бидат тема на разговор на денешната средба на министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски со директорот на Дирекцијата за комуникациски мрежи, содржини и технологии на ЕУ, Роберт Медлин.
На средбата во Брисел ќе присуствува и делегација на Агенцијата за електронски комуникации предводена од директорот Роберт Орданоски.
АЕК во септември лани доби позитивно мислење за иницијативата што ја покрена за изедначување на роаминг цените за граѓаните на Македонија.
Стручен тим работи на унапредување на препораките и на соработка со државните и меѓународни институции, со цел финално прифаќање на иницијативата и конечно намалување на роаминг цените.
Македонските граѓани ќе имаат можност да ги користат придобивките на единствениот европски пазар, иако се уште Македонија не е членка на Европска унија.
Македонската Влада ги задолжи министерствата за надворешни работи и за информатичко општество и администрација, да се вклучат во преговорите заедно со АЕК и да создадат правна рамка за реализација на иницијативата